Дваесет и седум годишна жена од Мостар ја доживеала најголемата ноќна мора во животот – го фатила сопругот како ја изневерува со нејзината мајка.
Како што пишуваат медиумите, сопругата била сигурна дека сопругот ја изневрува па најмила приватен детектив за да го докаже тоа. Жената една година забележувала дека сопругот често не е дома и доаѓа многу доцна. Постојано пишувал пораки на мобилниот телефон, криејќи го од домашните и заклучувајќи го со шифра.
Жената една година забележувала дека сопругот често не е дома и доаѓа многу доцна. Постојано пишувал пораки на мобилниот телефон, криејќи го од домашните и заклучувајќи го со шифра.
– Иако често инсистираше да одиме кај моите родители, ништо не се посомневав. Мислев бидејќи нема родители, дека му одговара нивното внимание. Меѓутоа никогаш не можев ни да се посомневам дека тој и мојата мајка се во тајна врска. Јас во последните 9 месеци и се доверував дека мислам дека ми е неверен, а таа му велеше дека само замислувам, вели изневерената жена.
Таа додава дека детективот и донел фотографии на кои се гледаат тие двајца.
– Беа во автомобил на едно тивко место. Се бакнуваа и беа полуголи, вели младата мостарка.
А.М. по тоа ги прекинала сите контакти со мајката и сопругот. Наводно, таа и нејзиниот татко живеат во станот во кој живееле нејзините родители, а нејзнината мајка со мажот живеат во куќата во која А.М. била со сопругот.