Ева Холанд од Охајо се фотографирала со ќерката и синот покрај безживотното тело на нивниот татко во ковчегот со отворен капак.
Фотографијата набрзо почнала да кружи по социјалните мрежи и многумина ја осудиле постапката на Ева, но таа вели дека само сакала да им го „покаже на децата пеколот од зависноста во вистинското светло“, пренесе Блиц.
Мајк Сетлс (26) бил зависник од хероин, кој зимоска излегол од рехабилитација тврдејќи дека е „нов човек“.
Меѓутоа, неколку таблети против забоболка биле доволни повторно да му се врати на стариот порок.
Сетлс починал од предозирање, а неговата сопруга Ева на погребот се одлучила за контроверзниот потег. Ги однела децата до ковчегот на нивниот татко и им го покажала неговото тело, а потоа заедно се фотографирале насмеани.
– Сигурна сум дека поради оваа фотографија многумина ќе се чувствуваат непријатно, но сакав само да ја покажам зависноста во вистинско светло. Хероинот убива, тоа е сурова вистина. Веројатно мислите дека тоа не може да ви се случи вас. И Мајк мислеше така, вели Ева Холанд.