
Во емисијата „Америка има талент“ учествуваат и стари и млади, а две деветгодишници ги воодушевиле судиите и публиката.
Јаша и Данијела почнале да играат заедно кога имале само три години, и во интервјуто пред настапот тој изјавил дека еден ден таа ќе биде негова девојка.
Потоа таа го спушта на земја и му кажува дека се само партнери по танц и дека тој воопшто не е нејзин тип.
Кога една од судиите, манекенката Хајди Клум, ги прашала на што ќе ги потрошат парите ако победат на натпреварот, таа рекла дека би ги дале на сиромашните луѓе, но и дека би си купила за себе и за Јаша по една палата.
Јаша рекол дека парите би ги зачувал за колеџ, а судиите го поздравиле овој негов зрел одговор.
Потоа и двајцата извеле динамична самба, на кој се надоврза енергичниот танц со легендарниот хит “Proud Mary”, а сите судии со нивната изведба кажале „да“, па тие продолжуваат да се натпреваруваат во следниот круг.
https://www.youtube.com/watch?v=uAt5Lm6ys6M