Атрактивната шпанска актерка како да не старее, па кога ќе ги погледнеме нејзините фотографии од пред 15 години, повеќе можеме да забележиме технолошки напредок кај фотоапаратите, отколку нејзините години.
Филмската кариера ја започнала на 18 години, а улогата во филмот „Љубов во Барселона“ и` донесе Оскар. Во периодот од 2006 до 2010 година, Пенелопе Круз толкуваше улоги во четири големи филмови.
Дури тогаш стекна репутација на светска актерска ѕвезда. Тие филмови заработија големи суми на пари и станаа блокбастери, а Пенелопе беше номинирана речиси за сите награди кои една актерка денес може да ги добие.
Пенелопе Круз се забавуваше со Том Круз и Метју Меконахи, пред во 2010 да се омажи за Хавиер Бардем, со кого се забавуваше од 2007 година и со кој го има тригодишниот Леонардо и ќерката Луна.
Таа дизајнира накит и чанти за една јапонска модна куќа, беше заштитно лице за компаниите „Лореал“ и „Манго“ и веќе со години се занимава со хуманитарна работа.
Иако многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот, актерката не го дели нивното мислење.
„Не мислам дека сум преубава. Понекогаш изгледам добро, а понекогаш лошо. Кога бев помлада, сакав сите да ме гледаат. Сега јас ги набљудувам другите, затоа што така многу учам“, вели Пенелопе.