Иако големината не е пресуден фактор за сексуалното уживање, премногу малиот пенис може да го расипе уживањето на жената. Зато ви нудиме неколку совети за зголемено уживање во вакви ситуации.
Покачете ја температурата
Едно од нештата кои придонесуваат кон големината на пенисот е дотокот на крв во самиот пенис, и колку му е „дигнат“. Колку повозбуден е вашиот партнер, толку поголем ќе биде неговиот пенис и ќе го чувствувате повеќе. Затоа уживајте подолго време во предиграта, а можете и да му пружите жешко орално задоволство кое ќе придонесе кон интензитетот на неговата возбуда.
Приредете му масажа
Дали вашиот партнер е под стрес, има лошо држење или работи на биро цел ден? Ако е така, големи се шансите тензијата во мускулите кај препоните да го „влечат“ неговиот пенис и тој да изгледа помал отколку што навистина е. Нежна масажа може да ги опушти неговите мускули и да го врати во вистинската големина. Најпрво, со кружни движења масирајте ја внатрешноста на бедрата, абдоменот, колковите и задникот, а потоа продолжете кон областа околу пенисот и тестисите, со цел да ја подобрите циркулацијата.
Правете вежби
Со правење на Кегеловите вежби непосредно пред сексуалниот чин, како и со стегање и опуштање на мускулите на истиот начин за време на чинот, ќе создадете поголемо триење на органите и со тоа ќе го зголемите интензитетот на чувството.
Охрабрете го да „намали“ со самозадоволувањето
Кога мажот не мастурбира неколку дена, стимулацијата за време на сексуалниот чин ќе ја чувствува поинтензивно, односно ќе се чувствува „поголем“ од кога било. Но, како да го замолите, а да не направите да се чувствува лошо? Следниот пат кога ќе имате секс, суптилно додадете реченица од типот на: „Те чувствувам толку голем. Сигурно си се воздржувал неколку дена!“. Или, направете облог околу тоа кој колку долго може да издржи без да се самозадоволува.
Внесете играчки во спалната
Одберете секси играчка која додатно ќе ве стимулира, а може да се користи за време на сексуалниот чин. Една од овие играчки е прстенот за пенис кој вибрира, со чие користење двајцата ќе доживеете поголемо задоволство.