Што да направите кога ќе сретнете некој што ве повредил во минатото?

popara5 јуни, 20151min00
11

Доколку некој ве повредил во минатото, најтешко нешто со кое морате да се соочите е гледањето на таа личност за прв пат по некое/долго време. Сите сме имале таков момент, имате супер ден, шетате низ град и одеднаш здогледувате некој кој навистина ве повредил. Болката минува низ вашето срце, сè што сакате е да избегате и да ја избегнете средбата, а во исто време ви се враќа и лутината. Безброј емоции се појавуваат и се закануваат да ве совладаат. Не плачете, никако не бегајте, наместо тоа обидете се да ги примените следниве совети.

Дишете

За почеток, кога ќе налетате на „дух од минатото“, застанете и дишете длабоко. Прифатете го фактот дека средбата е неизбежна и дека ќе морате да се соочите со вашите емоции. Ова секако ќе се случеше порано или подоцна, затоа вдишете длабоко пред да продолжите.

Не кријте се

Што и да правите, не кријте се со надеж дека ќе останете незабележани. Криењето може да ви помогне, но поголеми се шансите дека ќе бидете забележани и ќе се усрамите. Воедно, оваа средба може и да ви помогне да продолжите понатака. Сега ќе можете/морате да се справите со емоциите, кои можеби ги буткавте во позадина и конечно ќе можете да продолжите понатака.

Пријдете со насмевка

Нема потреба да тргнете и да ја изгушкате оваа личност, туку само пријдете нормално и насмеано. Тоа покажува дека знаете да се однесувате фино, дека сте среќни и дека сте продолжиле со животот во позитивна насока.

Поздравете се

Едноставно поздравете се. Едно пријателско „Здраво, како си?“ и нема потреба од понатамошен подлабок разговор. Ова ќе покаже дека сте ја пребродиле вашата мината ситуација.

Не останувајте предолго

Доколку некој ве повредил, не останувајте предолго околу него и не дремете во близина, преправајќи се дека сосема е во ред што таа личност буквално ве прегазила. Откако учтиво ќе се поздравите, продолжете понатака со што и да е тоа што претходно го правевте. Доколку оваа личност сака да зборува со вас, одбијте ги долгите и емоционално истоштувачки разговори. Тоа покажува дека не само што физички заминувате туку сте заминале и емоционало.

Бидете горди на себе

Треба да бидете горди на себе што конечно сте се соочиле со оваа личност. Доколку било малку потешко да си заминете, бидејќи од вас се барало да останете за да позборувате, треба да бидете горди што не сте се расплакале сред разговор. Од овој момент треба да се ослободите од целата болка која ви била нанесена.

Ослободете се

Последното нешто што треба да го направите е целосно да се ослободите од чувствата кон таа личност која ве повредила. Ова е најтешкиот дел, но треба целосно да се помирите со тоа што работите меѓу вас едноставно не функционирале и да продолжите со животот. Ова не е лесно, но секако е возможно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *