Предиграта е увертира на главниот чин. Многумина ја сметаат за поважна од самиот секс. Жените често се жалат на своите љубовници кои премалку време посветуваат на предиграта – бакнување, мазење, дразнење и често ја прескокнуваат за да дојдат до меѓуножјето на својата драга.
Каква предигра е потребна?
Како и за останатите работи во животот тоа е индивидуално од личност до личност и морате да почнете да го истражувате телото на својот партнер/ка.
Слушајте што му/и одговара и испробувајте разни движења и методи за да се ускладите и да уживате.
Доколку вашиот партнер/ка се жали дека малку бакнувате, време е тоа да го промените. Не заборавајте да се бакнувате за време на сексуалниот однос.
Кај најголем број жени ерогена зона е вратот и уживаат додека нежно им го бакнувате. Потрудете се предиграта да биде разновидна и да претставува предмет на задоволство.
Прв чекор за создавање пријатна атмосфера за секс е да се препознае важноста на предиграта, а не да се трча кон гениталиите на партнерот.
Еднакво се важни и романтичните детали кои не смеете да ги заборавите. Важно е вашата спална соба да биде топла и чиста.
Партерката сигурно со часови го бирала долниот веш пред да дојде кај вас, па ќе и биде драго да го задржи на себе барем малку подолго.
Не постои одговор на прашањето што е добра предигра.
Важно е да бидете свесни дека секогаш треба да ја користите сопствената фантазија.
Клучот е во разновидноста!