Што е карма?

popara5 јуни, 20151min00
10

Вистинското значење на зборот „карма“ е акција. Потекнува од Санскрит и е еквивалент на Њутновиот закон според кој „секоја акција има своја реакција“. Кога мислиме, зборуваме и делуваме иницираме сила која реагира согласно природата на нашето дејствие.

Овој закон за причина и последица не е казна туку напротив, постои во корист на нашето растење, учење, согледување и разбирање на самите себе и светот околу нас.

Никој од нас не може да ги избегне последиците од своите дела. Постои и изрека: „Што си сеел, тоа ќе жнееш“. Патиме обично кога самите ние сме ги создале зрелите услови за страдање. Непознавање на правилото кое го прекршуваме не е изговор кој би го оправдал нашето однесување, без разлика дали се работи за човеков или универзален закон.

Еве неколку работи кои ќе ви помогнат да се ослободите од стравот и ќе ве поттикнат да станете креатори на сопствениот живот.

Големиот закон

• „Законот за причина и последица“ или како што споменавме претходно, „Што ќе сееш, тоа ќе жнееш“ или познатото „What goes around comes around“ во англискиот јазик.

• Што ќе му понудиме на универзумот, тоа ќе ни даде во возврат. Односно, каков инпут – таков аутпут.

• Ако посакуваме љубов, среќа, мир, пријателство… Тогаш самите ние треба да бидеме среќни, мирољубиви и вистински пријатели полни со љубов!

Законот на создавање

• Животот не се случува сам по себе, потребно е наше учество;

• Ние сме едно со универзумот, внатрешно и надворешно!

• Се што не опкружува ни дава претстава за нашата внатрешна состојба;

• Бидете свои и опкружете се со она кое сакате да постои во вашиот живот;

Законот на понизност

• Што одбиваш да согледаш, ќе продолжи да постои се додека не го прифатиш;

• Ако имаме „непријатели” или оценуваме нечии карактери како негативни тогаш самите ние не сме фокусирани на виши вредности на постоење.

Законот на растење

• Кај си, таму си! Не постои погрешно време и место.

• За да дојде до раст на нашиот дух единствена промена која е потребна е промената на себе, работата на себе, а не на луѓето и околината.

• Единственото нешто кое го поседуваме во овој живот и кое може да биде предмет на наша контрола сме самите ние!

• Промената на „кој сме” и „што сме” е секогаш проследена со радикална животна промена!

 

Законот на одговорност

• Кога постои нешто погрешно во мојот живот, постои нешто погрешно во мене!

• Ние сме огледало на нашето опкружување и обратно, нашето опкружување е огледало на нас – ова е универзална вистина!

• Мора да сносиме одговорност за она што е дел од нашиот живот.

Законот на поврзаност

• Дури и ако работите кои го правиме изгледаат безначајно, многу е важно да ги дотераме до крај бидејќи се што постои во Универзумот е поврзано.

• Секој чекор води до наредниот, и така натака и така натака.

• Првиот чекор значи давање живот на нештата!

• И првиот чекор и последниот чекор се од подеднакво важно значење, ниту без едниот, ниту без другиот може да постои исполнување на задачата која сме ја наумиле!

• Минато – сегашност – иднина… Сите се поврзани, ниту едно не постои засебно од другите!

Законот на фокус

• Не може да мислиш на две работи одеднаш!

• Кога сме фокусирани на духовни вредности, невозможно е да имаме нижи чувства како бес или алчност.

Законот на дарежливост и услужливост

• Ако веруваш во вистинитоста на нешто, тогаш, барем еднаш во животот ќе бидеш повикан да ја докажеш својата верба на дело!

• Ова всушност е моментот каде тврдењата дека сме научиле нешто треба да бидат покажани во пракса.

Законот на овде и сега

• Гледањето назад во минатото, со цел да анализираме завршени дејствија, не спречува да бидеме присутни во сегашниот момент. Колку пропуштени убавини се тоа!

• Стари мисли, стари шеми на однесување, стари соништа… не даваат да се родат нови!

Закон на промена

• Историјата се повторува се додека не ги научиме лекциите кои ќе ни помогнат да ја промениме патеката.

Закон за трпение и награда

• Секоја награда подразбира и претходно вложен труд.

• Награди со трајна вредност изискуваат големо трпение и постојан напор.

• Среќа следува правејќи го она што треба да го правиме и чекајќи трпеливо сработеното да го вроди својот плод.

 

Закон за значајност и инспирација

• Секоја придобивка е пропорционална на вложеното.

• Вистинската вредност на нештата е директен резултат на енергија и намерата кои самите сме ги инвестирале во даденото нешто.

• Безначајните придонеси ниту делуваат на целината (во смисла на Универзумот, сеопштото), ниту пак на било каков начин го намалуваат нејзиното значење.

• Затоа пак, прилогот на љубов нуди живот и ја инспирира и исполнува целината!