Што е за мажите идеално женско тело?

popara28 септември, 20151min00
What men and women consider the body beautiful

Телото за кое мажите фантазираат, многу се разликува од она што жените го посакуваат за себе…

Брендот за долна облека Blue Belle спроведе анкета во која ги замолува волонтерите да одговорат на прашања во врска со совршениот изглед, создавајќи идеално тело од делови на телото на разни познати личности.

Резултатите на анкетата покажале дека жените го посакуваат лицето на Каре Делавињ, копнеат за совршeната коса на Кејт Мидлтон и стомак како Гвинет Палтроу. Сепак, интересен е фактот дека мажите го замислуваат телото на совршената жена сосема поинаку! Мажите апсолутно мислат дека се неодоливи градите на Ким Кардашиан, колковите на Кели Брук, лицето на Меган Фокс и кадриците на Скарлет Јохансон!

Необично зар не? Додека жените би сакале да имаат повеќе момчешки изглед , мажите без сомнение воздинуваат по облините.

Кога е во прашање идеалното машко тело, разликите не беа толку драстични, освен што мажите, ќе претпоставите, своите идеални пропорции ги замислуваат со многу повеќе мускули од жените.

Видете ги сликите и пишете ни коментар – Какво е вашето мислење како изгледа идеалното тело?