Што ги разликува гејшите од останатите жени? Која е тајната на нивната привлечност?

popara24 април, 20151min00
2

Прекрасни, таинствени, незаборавни… Паметни, елегантни, сексапилни… Тоа се само мал дел од квалитетите кон кои се стреми една вистинска гејша. Што ги разликува од останатите жени? Која е тајната на нивната привлечност? Зошто и денес продолжуваат да добиваат толкаво внимание?

Гејшата прави мажот да се чувствува како крал. Тие подаруваат многу повеќе од сексуално задоволство. Тајната се крие во внатрешната убавина, достоинство и женственост, особини кои ги учат додека се мали. Настојуваат да бидат сочувствителни, да ги чувствуваат поблиску другите луѓе и да ги почитуваат другите, но и себеси. Гејшите тежнеат и кон внатрешна дисциплина и чувство за вкус. Поседуваат мноштво од женски итроштини кои им овозможуваат да се претворат во вистинско искусно задоволство. Гејша – така ја нарекуваме вистинската жена. Во превод, зборот гејша значи личност-артист (gei – искуство и sha – личност, „обучена во искуствата“) која ги забавува гостите преку различни умеења кои ги поседува. Најпрвин гејшите биле претежно мажи (хокан), но постепено тие исчезнуваат и овој прекар почнува да се користи само за жени.

Гејшата сосем мала започнува со своето обучување. Девојчињата минуваат низ специјално училиште во кое се изучуваат сите детали на овој занает. Постојат неколку видови гејши. Тоа зависи од времето поминато во училиште. За прекарот „Мајко“ се учи најмалку 5 години, а за „Гејко“ – 20 години. „Мајко“ имаат свој придружник, пријателка, сестра, па дури и мајка. За време на детството, надежната гејша работи како куќна помошничка или помошничка на веќе стекната гејша и на тој начин учи. Животот ѝ е навистина тежок. Наутро станува многу рано, а легнува доцна ноќе. Учи да пее, да танцува и да свири на традиционалниот јапонски жичен инструмент шамисен, сличен на гитара. После долга обука, доколку Мајка-сан одлучи дека кандидатката веќе е подготвена, доаѓа посакуваниот момент таа да биде прогласена за гејша. Сега веќе може да почне да носи специјални кимона, да се шминка со блескава бела пудра, да ги црви усните со крв-црвен кармин и да прави автентична фризура.

geishaГејшата (Гејко) професионално ги забавува гостите за време на банкети како и во чајџилниците, каде мажите најчесто се одмораат и имаат бизнис средби. Нејзината задача е да создаде спокојна и мирна атмосфера. Сосема погрешна е претставата дека гејшата е проститутка. Основното значење на Гејко е дека знае колку мажот сака жената да владее над неговите сетила со нежна сила која што е помоќна од сексот. Додека мажот јаде, гејшата клечи на колена до него за да му сервира. Дали ќе има секс со својот клиент зависи од самата неа, никој не ја присилува на тоа.

Успехот на една гејша зависи од нејзиниот талент, префинетост и убавина. Гејшата треба да поседува најмалку 4-5 кимона, кои се различни за секоја церемонија. Облеката им е скапа, затоа што за изработката на едно кимоно е неопходно 13 метри рачно изработено платно. Специјалниот костум се изработува во занаетчиски работилници кои работат само за гејшите. Благодарение на гејшите, националната носија на Јапонија се зачувала до денес.

Гејшата користи посебна козметика. Кога тргнува на работа, го покрива целото лице со дебел слој бела пудра. Нејзината бела маска, традиционалната црна перика, тело завиено во кимоно и слично, ја прават неповторлива. Црвената боја е заштитен знак за гејшата. Се верува дека црвеното ја симболизира плодноста и раѓањето. Гејшата секогаш е со црвен кармин. Лепезата е еден од основните додатоци. Со него таа го прикрива лицето и на тој начин флертува со гостите. Магијата на погледот, лежерноста на одот и гестовите, умешноста да пружи масажа се само мал дел од основните работи кои умеат да ги прават. За успех во работата се смета доколку гејшата може да чува тајна.

Гејшите не се достапни за обичниот народ. Обичните луѓе ретко може да видат гејша на улица. Тие фини жени се платени од многу моќни јапонски бизнисмени или политичари. Предност за секоја гејша е таа да може да пие, затоа што тој тип жени не учествуваат во вечерата, но задолжително пијат алкохол. Додека тече средбата, тие се должни да не ги заборават основните закони на својата професија: не се покажуваат чувства, забранети се секакви контакти надвор од работата со оние кои биле присутни на масата претходната вечер.

Секоја гејша го крие својот личен живот. Избегнуваат да се мажат бидејќи мажите не би ја поднеле лесно нивната работа. Мал дел од гејшите после одреден период се откажуваат од професијата и започнуваат да водат нормален живот.

Во денешно време, модерната гејша продолжува да живее во традиционална куќа – окија, додека ѝ трае обуката. Сè уште продолжуваат да учат да свират на инструментите шамисен, шакухачи, како и традиционалните песни, танци, церемонија со икебани и чај. Професијата на гејшите станала толку популарна, што во триесетите години на дваесеттиот век нивниот број достигнува 80.000. За време на Втората светска војна и после неа, нивниот број значително опаѓа заради тешката економска криза. Денес во Јапонија има само неколку илјади гејши и тоа највеќе во Киото, каде што се наоѓа и напрестижното училиште за гејши. Секоја гејша го посветува својот живот на својата професија.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag