Што мислат мажите за девојките кои ставаат секси профил фотографии на Фејсбук

popara12 јули, 20151min00
5

Скоро секој од нас бира фотографии за кои мисли дека најдобро изгледа на нив пред да ги објави на социјалните мрежи, а ова особено важи за девојки кои често знаат да објават фотографии каде што се во секси издание.

Меѓутоа, експертите тврдат дека таквите фотографии предизвикуваат спротивен ефект кај луѓето од оној на кој сопствениците на фотографиите се надевале.

Истражувањето е спроведено од страна на психолози од Oregon State Универзитетот, а покажало дека околината на личностите кои се склони кон објавување секси фотографии, ги доживува како површни и помалку интелегентни. Тоа посебно се однесува на жените кои објавуваат свои секси слики.

Студијата покажала дека таквите фотографии ќе соберат многу лајкови и коментари, но повеќето луѓе ќе помислат дека таа жена не е друштвено прифатлива и успешна.

Според зборовите на експертите, трендот на такви фотографии го започнале познатите јавни личности, но брзо ги прифатиле младите девојки сметајќи дека на тој начин од друштвото ќе добијат потврда дека се атрактивни и посакувани.

Во текот на истражувањето, научниците креирале неколку лажни профили на социјалните мрежи, а потоа им ги дале на испитаници да проценат и да изнесат свој впечаток. Прашалникот се состоел од три категории во кои испитаниците требало да ја оценат сексуалната привлечност, пријателски потенцијал и работна способност. Личностите кои немале секси фотогорафии добиле повисоки оценки.

Провокативните фотографии на луѓето генерално не им се привлечни, даваат грешен впечаток и можат да наштетат на нечиј углед“, изјави лидерката на студијата Елизабет Даниелс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag