
Навистина многу често не сме свесни за ситуацијата дека при поголеми брзини, кои најчесто се остваруваат на автопат, оштетениот пневматик може да предизвика навистина големи проблеми, а ако не се изреагира правилно, тогаш настапуваат и сериозни последици.
Еве еден таков случај од Луизијана, во САД, каде на таканаречениот “Motorhome” му експлодираше пневматикот, и тоа при брзина од 100 километри на час. Возилото за момент веќе се најде надвор од патот, а веднаш потоа следеше и превртување. За среќа немало потешко повредени лица.
https://www.youtube.com/watch?v=70WPOaWZQZI