
Алан Ватс е британски филозоф кој поставува прилично сериозни и тешки прашања, а и мудри зборови на тема која ни е животно важна на сите – што би сакале да направите со својот живот?
Тој постојано ја разгледува темата околу тоа што сакаме во нашиот живот и зошто не би требало да прифаќаме ништо помалку од она што сме го замислиле само затоа што тие работи се врзани за одредена сума на пари.Мудро објаснил како треба да живееме паметно и со стремеж кон поголема среќа, да сонуваме големи соништа и сето тоа со само едно прашање: Што би правеле во животот ако парите не се предмет на разгледување?