Едно нешто е сигурно, а тоа е дека оваа осумнаесетгодишна девојка изгледа многу, многу постаро за нејзините години.
Колку се промени во периодот измеѓу нејзината 16-та и 18-та година ни покажа ријалити ѕвездата Кајли Џенер, која од најнезабележливата најмлада сестра од семејството Кардашијан – Џенер, стана најбараната тинејџерка на светот.
Иако призна дека од естетски операции само ги зголемила нејзините усни, еден дерматолог од Daily Mail тврди дека младата Кајли иако има само 18 години, досега направила многу пластични операции.
Прво, оваа популарна тинејџерка наводно неколку пати ги зголемила нејзините усни, а исто така постојат сомнежи дека естетски ги зголемила и нејзините гради (иако таа упорно тврди дека за нејзините бујни гради се ’виновни’ само пуш ап градници).
Кајли неодамна промовирала еден препарат за убавина во Лос Анџелес, каде што фотографите ја сликале во незгодна положба што предизвика многу коментари на сметка на нејзиното драстично изменето лице.
Судејќи по нејзините последни фотографии, покрај тоа што нејзиното лице изгледа целосно поразлично од порано, многумина забележуваат дека оваа девојка делува многу постаро отколку што навистина е и се сомневаме дека тоа ќе ѝ ласка за неколку години…