Изгледа дека еден од најсексипилните актери во Холивуд не е имун на стресот, поради кој променет е неговиот физички изглед.
Актерот се разведува од Џенифер Гарнер и тие одлучија да го делат старателството над нивните деца, па папараците постојано ги „ловат“ нивните заеднички средби. Овој пат тие направиле фотографија, од која се гледа дека актерот качил некој килограм плус и изгледа како да го запуштил изгледот, па медиумите претпоставуваат дека причината за ваквиот изглед е стресниот период со разводот и аферата со поранешната дадилка.