Ретки од нас кој внимава на храната која ја внесува во својот организам да не е третирана со пестициди. Храната која ја внесуваме во нас премногу често ја земаме здраво за готово а поради тоа имаме многу различни проблеми со организамот.
Едно шведско семејство било подложно на експеримент. Тие велат дека купуваат неоргански намирници бидејќи се поефтини. А потоа им ја тестирале урината.
Нивото на хемикалии пронајдени во нивната урина било високо. На две недели, неорганската храна ја замениле со органска, а тестирањето на урината открило дека нивото на хемикалии во нивните тела значително се намалила.
Тестовите биле спроведувани од страна на Шведскиот институт за истражување на животната средина. Спорно е дали пестицидите пронајдени во урината се штетни, но пристапот на “тишина” за неорганската храна која се негува во јавноста не е здрава.
https://www.youtube.com/watch?v=oB6fUqmyKC8