
Во понеделникот околу 1 часот по полноќ, мистериозна блескава светлина го осветли ноќното небо над градот Ставропољ на југот на Русија. Експертите велат дека светлината била во бела и сина боја и дека нејзиниот извор не може да биде природен.
Светлината предизвикала симултано гасење на уличните светилки, а некои жители велат дека на момент им затрепериле светилките во домовите.
Метеоролозите и експертите не се во состојба да објаснат што ја предизвикало таа светлина но се сложуваат дека изворот е некаде на земјата.
Моментално се појавија теории дека можеби се работи за НЛО.
https://www.youtube.com/watch?v=si3UHM2heh0