Ако го сакате оружјето, гледањето на видео записот во продолжение за вас ќе претставува вистинско задоволство.
AK-47 (кратенката од рускиот Автомат Калашникова образца 1947 года), познат уште и под името Калашников (Калаш) е автоматска јуришна пушка која ја користеле поголемиот дел од армиите на Источниот блок после Втората светска војна.
Оваа пушка е проектирана од страна на Михаил Калашников во 1947-мата година, како прва вистинска автоматска јуришна пушка на светот.
За разлика од повеќето автоматски пушки од Втората светска војна, АК-47 била компактна и лесна пушка, која имала добар домет, робустно оружје со можност за управување како рафал, полуавтоматски и поединечно. Оваа пушка и ден денес е во широка употреба, така што е апсолутен рекордер според бројот на произведени парчиња.
Освен што е едно од најпроизведуваните, АК-47 важи и за светски најпознато оружје на сите времиња. Калашниковиот учествувал во многу војни околу светот. Тоа предизвикало за некои народи и држави да го присвојат АК-47 како национален симбол. Па така, на пример, Калашниковот е застапен на знамето и грбот на Мозамбик, потоа на грбот на Зимбабве, Источен Тимор, Буркина Фасо но и многу други комунистички и пост-комунистички земји како што е Виетнам.