Секој знак има своја специфична природа и таа го дарува со некои предиспозиции. Познато е дека огнените знаци се склони кон спортот, бидејќи огнот е топлина, енергија на движењето, земјените, на пример се надарени за конструкции и конкретни работи, бидејќи земјата е таа која дава и создава, воздушните се секогаш талентирани за луѓе и односи, како и комуникации, бидејќи тоа се невидливи работи како воздухот, а водените се неретко поврзани со уметноста, сочувствителни и се грижат за блиските, бидејќи водата е таа која негува, чисти, потребна е за живот.
Овен
Овните се талентирани за брзо реагирање во моментот. Одлично поминуваат таму каде што треба да се донесат одлуки веднаш и каде се бара снаодливост, па и импровизација. Кога е спортот во прашање, на Овенот му лежат скоро сите спортови. Одлични се и како покренувачи и иницијатори на се, ама обично немаат трпение да го завршат проектот до крај, па со задоволство го препуштаат на некој друг, додека тие се веќе во некоја нова идеја која треба да ја оживеат.
Бик
Бикот секогаш ќе гледа што повеќе да има и тоа да го сочува. Нивниот дар е во тоа што одлично се снаоѓаат со недвижнините, знаат да ги заработат парите, а како уметници се конкретни. Посебен талент на овој знак се вокалните способности. Неретко помеѓу нив можат да се најдат исклучителни пеачи. Тоа е така, затоа што Бикот владее со вратот и грлото. Кога на тоа ќе се додаде и владеачката Венера, еве глас за паметење.
Близнаци
На Близнаците им е дадена способноста на ширење на информациите и поврзување на луѓето. Сето тоа е поради Меркур, кој владее со овој знак. Близнаците се снаодливи, а неретко од нивните комуникациски таленти се развива толкава способност на изразување да напишат цела книга, сценарио или да се претворат во сјајни говорници. Надарени се и за работа со рацете. Сакаат дневни работи кои брзо поминуваат, па се добри и во модата.
Рак
Емоцијата е нивниот талент. Што и да прават, тие успеваат да внесат емоции и со нив ја придобиваат областа. Многу се меки ама не се без амбиции. Нивниот талент најчесто се манифестира преку различни уметности, а посебно се добри како сликари. Знаат прекрасно да ги уредуваат ентериерите, бидејќи љубовта спрема домот ги инспирира. Понекогаш се се насочува на патриотизам, па стануваат народни политичари. Тука покажуваат чувства спрема татковината за која искрено се борат.
Лав
Талентот на Лавот се состои во тоа да заблеска како Сонцето, кое му е владар. Па според тоа се одлични во презентациите пред публика. Нивната посебност зрачи, а често и драматизира, па многу се развиваат и во добри глумци. Лесно им е да го привлечат вниманието на другите, па кај некои тоа се манифестира преку уверливоста во ситуации кога треба да придобијат личности или средства за некој проект. Добри се и како организатори и менаџери. Лавовите исто така одлично се снаоѓаат и со деца.
Девица
Постојат низи на ситници и хоби за кои Девиците покажуваат исклучителни таленти. Тешко е да се набројат, ама се работи за тип кој е најголем перфекционист и кој внимава на секој детал. Тие секогаш ќе одат до крај кога нешто ќе треба да го усовршат, но затоа понекогаш ќе ја изгубат од вид целината. Ова е знак на вистински, мали, специфични таленти па тука можеме да ги најдеме и они ретко видените, единствени во светот. Талентирани се за секоја занимација каде треба да се покаже услужливост. Спремни се да учат цел живот.
Вага
Ако треба да се смират две завојувани страни, викнете ја Вагата тоа да го направи. Тие секогаш ќе најдат компромис. Нејзин талент е во тоа што на фин начин знае да ги поврзе и урамнотежи луѓето. Тоа е поради Венера и природата на 7-та куќа, која секогаш гледа како е и на другиот. Па затоа Вагите се надарени за дипломатија, преговори, договарања, но и уметност. Нивната креативност е поврзана со невидливото, па се неретко исклучителни музичари, кои длабоко ја чувствуваат секоја нота. Понекогаш се и одлични филозофи кои знаат да ги поедностават работите.
Шкорпија
Сите области во кои се бара провокација или борба, се прилики Шкорпиите да ги покажат своите таленти. Одлични се како стратези, добри се и како сексолози. Неретко тука можат да се најдат и одлични хирурзи, кои се доволно ладнокрвни и приберени за сложени операции. Бидејќи ова е знак на 8-та куќа, има и банкари кои одлично знаат да управуваат со туѓи пари. Имаат шесто сетило, кое некои го насочуваат во детективските способности. Понекогаш тоа се сврти на духовно, па ја истражуваат душата како психолози.
Стрелец
Сјајни се како филозофи, покренувачи и управувачи на идеи, кои ќе влијаат врз другите. Понекогаш одат во свештенички повик, кој кај некои е искрена потреба. Поради природата на 9-та куќа која ги преминува сите граници, можат да развијат талент за поврзување на различни народи и култури, ширејќи ја идејата за мир. Добри се и како фотографи, дописници или истражувачи.
Јарец
Јарецот е надарен за сложени состави и конструкции. Па затоа својот талент може да го развијат преку управување, каде во секој момент треба да се знае што да се прави, каде води сето тоа и што да се направи во резервен случај. Сјајни се директори, архитекти, инжињери. Поради големата одговорност, што го краси овој знак, телентирани се и за области каде треба да се гарантира сигурност, па се наоѓаат во работи каде треба некој да спасат или да заштитат. Секогаш се маратонци на долги стази.
Водолија
Како знак кој е секогаш пред своето време, талентот на Водолијата неретко може да го препознаат покасно. Тој е оној кој отвара на човештвото нови патишта, стремејќи се кон висина за која многу не насетуваат. Се што е ново и сеуште непознато е областа на Водолијата. Денес е тоа информатиката или уметноста создадена со помош на новите технологии. Одлични се и како истражувачи, научници, но и хуманисти. Многу вистински ќе се посветат на другите, помагајќи во хуманитарни акции.
Риби
Рибите се талентирани за повеќето уметности. Кај нив тоа доаѓа само по себе, бидејќи и животот го сочинуваат со нежни и убави работи. Чувствителноста која ја поседуваат е одличен темел за уметнички професии, а природата на 12-тата куќа донесува многу восхитувања. Сјајни се како танцувачи, бидејќи Рибите владеат со стапалата. Имаат способност да ги заплеткаат работите, но и да ги расплеткаат, па знае да развие дарба за читање меѓу редови.