Швалери: Еве што ве чека после неверство

popara9 мај, 201517min00
4

Неверството, дури и кога ќе се прости, остава горчлив вкус во устата на изневерениот партнер и во принцип никогаш не може целосно да биде заборавено слученото.

Неверството може да се прости, но не и да се заборави. Горчливиот вкус останува засекогаш во устата, а неверниот маж, сакал, несакал некои последици мора да ги трпи поради она што се случило.

Збогум на приватноста – Во моментот кога сте одлучиле да ја изневерите својата партнерка сте добиле можеби добар секс, но сте изгубиле многу повеќе. Од овој момент па понатака нема ситни лаги за тоа со кого сте, нема тајно допишување, чат со разни девојки и прочуените машки вечери со пријателите.

Секоја расправа ја губите во старт – Нејзиниот адут секогаш ќе биде вашето неверство, кое вие нема како да го оправдате. Ова очекувајте го и сега, и после 6 месеци и после 2 години. Секогаш ќе ја има таа предност над вас.

Се се менува – Колку и двајцата да се обидувате да ги испеглате односите, секогаш над глава ќе ви виси невидливиот облак на неверството. Ќе се правите и двајцата дека не го гледате, но ќе знаете дека е тука и ќе го чувствувате неговото присуство.

Одење по јајца – Ако сте изневериле, ќе мора да ги трпите и последиците, а меѓу другото тоа значи и зголемено внимание на секој чекор, секој изговорен збор, секој поглед. Ќе мора да бидете многу понежни и повнимателни, екстра труд ќе мора да вложувате континуирано, за жената до вас да почувствува колку многу ви значи.

Ќе страда и новчаникот – Подарок за годишнина, подарок за роденден, потоа купување убави и скапи фустани кои ги видела на излог пред некој ден и за кои постојано зборува. Сите знаеме дека жените паѓаат на подароци и на тој вид внимание, па затоа ќе мора да се отворите и на тој начин да покажете дека мислите на неа.

Foto: Profimedia

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma