
Сиа уште еднаш ја покажува огромната бела перика, зад која сепак упорно го крие лицето. Овој месец австралиската поп ѕвезда позираше за насловната страница на списанието Interview , а уметничките фотографии се дело на фотографот Григориј Харис.
39-годишната пејачка носи спортски и авангардни креации на марките Viktor & Rolf, Alexander Wang, Dior, Junya Watanabe, Simone Rocha, Alexander McQueen и Celine.
Пејачката на хитовите “Elastic hart” и “Chandelier “објаснува во интервјуто зошто ја претворила во својот белег платиненорусата перика.
А еве и неколку извадоци од интервјуто со Сиа:
За русата перика: “Ми дојде идејата дека откако Ејми Вајнхаус ја беше претворила својата темна долга коса во бренд, јас можам да пробам со руса боб фризура. Јас не сакав да го опседнам пазарот со себе, сепак сум инди-поп пејачка. ”
За тоа дека го крие лицето: “Се обидувам да имам некоја контрола врз својот имиџ и да не ја губам својата осаменост. Не сакам да бидам следена од папараците и да дебатираат дали сум качила неколку килограми, дали сум со вештачки тен и т. н. Немам потреба од тоа напор. “

За вонземјаните: “Мислам дека би било неразумно да веруваме дека сме единствените живи интелигентни суштества во универзумот. Јас верувам во вонземјаните! ”
За да ги видите фотографиите на пејачката за списанието, посетете ја галеријата.







