Сигурни знаци дека не сте компатибилни

popara19 март, 20151min00
10

Кога сме заљубени најчесто не ги гледаме или не сакаме да ги видиме недостатоците кои ги има нашата врска со партнерот. Дури и кога чувствувате силна хемија помеѓу вас, односнот можеби не ви е осуден на долгорочен успех токму заради отсуство на емоционална компатибилност.

Како да знаеш дали е таков случајот со вашата врска?

Не му се доверуваш

Тој секако не може да ги замени твоите пријатели, но доколку ним им се доверуваш повеќе отколку нему, тоа е проблем. Врската бара подлабоко ниво на интимност од пријателството.

Имате проблеми со решавање на недоразбирањата

Различниот пристап во решавањето на проблемите, каде ниту едната страна нема да ја ислуша другата и да направи отстапување всушност е црвен аларм за секој љубовен однос, без исклучоци.

Брзо си здодевате еден на друг

Доколку поминувате сè повеќе неквалитетно време заедно, каде всушност и двајцата сакате да бидете на некое друго место и не знаете да се забавувате сами, тогаш постои голем проблем што дополнително ќе зазема уште поголеми размери како што поминува времето.

Не делите заеднички интереси

На ова прашање не е неопходна потполна компатибилност. Всушност, многу е здраво секој од вас во врската да задржи некои свои интереси. Но, доколку не постои баш ништо што можете да го правите заедно, очигледно не сте најдобар избор еден за друг.

Не се чувстуваш добро во сопствената кожа покрај него

Твојот партнер би требало да те прави среќна и задоволна, без да те остава да се прашуваш дали си доволно добра, разнишувајќи ти ја самодовербата. Доколку ова првото не е случајот со вас, продолжи понатаму да го пронајдеш оној кој те заслужува, бидејќи тука никогаш нема во потполност да бидеш задоволна.

Не сте тука еден за друг

Доколку не застанувате еден зад друг во конфликтите со семејството и со пријателите, веројатно и сами знаете дека таа врска не е вредна за трудење бидејќи нема потенцијал да потрае.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *