1. Вашиот сексуален живот одеднаш се променил- тој вообичаено е преуморен (ако вие иницирате секс, обично е рутински и тој како да не е навистина присутен) или испробува нови сексуални техники (Сјајно, но каде ги научил?)
2. Постојано смислува изговори зошто не го поминува времето со вас- мора подоцна да остане на работа, има неочекувани работни состаноци или повеќето од времето го поминува со пријателите.
3. Постојно ви подарува нешто и се однесува екстра фино (вина)
4. Почесто му ѕвони телефонот, а кога вие сте во близина, ја спушта слушалката и се однесува неприродно. Или за секој случај телефонот го држи на тивко. Ако го прашате каде бил или со кого зборувал на телефонот, се однесува агресивно и дефанзивно.
5. Ве критикува поради работи кои некогаш ги сметал за привлечни.
6. Преку ноќ почнува да води повеќе грижа за хигиената или с еповеќе се средува- прави тренди фризура, купува нова облека и одеднаш е заинтересиран да ослаби или да се затегне. (Обично е лош знак ако оди под туш веднаш штом ќе влезе дома.)
7. Поминува повеќе време на интернет и одеднаш престанува да пишува или го исклучува компјутерот кога вие ќе влезете во собата.
8. Парчето облека кое исчезнало одеднаш се појавува- можеби го заборавил кај неа.
9. На неговата банкарска сметка приметувате необични или неочекувани трошкови- или извештаите од банката одеднаш исчезнуваат.
10. Не можете да го пронајдете. Дури ни неговото семејство, колеги или најдобри пријатели не знаат каде е.
11. Повеќе не ви покажува емоции- кога ќе го фатите за рака, ја повлекува веднаш штом ќе му се пружи шанса.
12. Не сака да зборува, а да не ни зборуваме за допирите, и не се ни сеќавате кога последен пат сте воделе нормален разговор.
13. Престанува да ти кажува „Те сакам“ и емоционално е дистанциран.