Сингл статусот ѝ одговара: Еве како таа ја лечи болката по раскинувањето

popara24 септември, 20151min00
12

26-годишната манекенка Габи Греко минатата седмица објавила дека се разделила од својот сопруг Џерфи Еделстен, а судејќи по новите фотографии, сингл статусот ѝ одговара.

Таа е позната по своето провокативно однесување, но и по бракот со многу постариот, 72-годишен Австралиец, со кого се омажила во јуни. Сепак, изгледа дека на нивната љубов ѝ дошол крајот, со оглед на тоа што Габи на Инстаграм порачала:

“Се враќам во Њујорк засекогаш. Чао, Џефри”.

Кога еден нејзин фан во коментарите го изразил своето жалење за нивното раскинување, Габи порачала:

“Њујорк е мојот дом, тука има уште милион риби во морето”.

Со промената на љубовниот статус Габи решила да го промени и изгледот, па ја скратила косата и станала блондинка. Сепак, таа останала доследна на своите секси фотографии, со кои ги израдувала фановите.

Габи со сега веќе бившиот сопруг: