Сиромашните дечиња и бездомниците ги среќаваме често, но знаеме и да си ја завртиме главата, да ги одминеме.
Обично судиме по нивниот изглед и сметаме дека нема што да разговараме со нив. Но, понекогаш токму тие може да нè научат како да се радуваме на најмалите работи.
Замислете уште ако секој ден сте го чувствувале мирисот, но никогаш не сте можеле да си дозволите ниту најевтин оброк.
Сега веројатно, можете барем малку да сфатите како му било на малото момче од Индија, кое секојдневно доаѓа во тој дел од градот за да продава моливи и да може да купи само најосновна храна како сол, шеќер, брашно за да се прехранат тој, неговата болна мајка и неговата сестра.
Еден ден, случајно налетува на познат индиски глумец Варун Прути, кој му купува детски оброк од МекДоналдс и седнува на иста маса со него да јаде и да поразговараат.
Тој се воодушевува од тоа како толку малечко дете размислува свесно и зрело, не се жали и знае да се радува на мали нешта, но и на тоа малку што го има да не заборави да го подели со неговата сестра.
Погледнете го емотивното видео кое сигурно ќе ве замисли: