Славната манекенка во тајност прави пластични операции!?

popara3 август, 20152min00
7

Жизел Бундшен во тајност ја посетила ординацијата за естетска хирургија во Париз, каде наводно имала неколку пластични операции. 

Славната манекенка, која наводно се повлече од модната сцена, ги навлече критиките на себе поради тоа што се покри со традиционална муслиманска бурка, за да се сокрие од папараците додека влегуваше во клиниката.

 

Сепак, ја издаде нејзиниот долгогодишен шофер, кој папараците го препознаа, па така и заклучија дека токму Жизел се крие под велот. Покрај шоферот, ги издаде и еден мал детал – една од нив две носеше сандали со отворени прсти, што кај Муслиманките е строго забрането.

Шоферот беше виден како довезува две жени во бурки на клиниката, а “New York Post” пишува дека всушност се работи за Жизел и нејзината сестра Рафаели, кои преку ноќ имале пластични операции.

 

Ден после операцијата, шоферот бил виден како се враќа на истото место, каде собира две жени и ги враќа назад во хотелот. Таму не се задржале многу, затоа што брзо се спакувале и отпатувале на петдневен третман во еден ексклузивен спа центар.

Жизел наводно ги оперирала очите и градите, за кои мислела дека премногу се опуштиле после двете бремености. Интервенциите ги чинеле 11 илјади долари.

2aef95d900000578-3179559-retiredsupermodelaccordingtosourceswhospoketothenewyor-11438256615524

2aef95fe00000578-3179559-notsosecretbndchensplantokeeptheoperationasecretwas-121438256615851

2aefbf9000000578-3179559-image-241438259077603

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag