Славни и богати кои се ожениле за сосема “обични” жени!

popara29 август, 20151min00
13
Нема ништо необично во фактот дека една холивудска ѕвезда, за свој емотивен партнер ќе избере – друга холивудска ѕвезда. Необично е кога тие луѓе ќе одберат некој “обичен”. Ова се некои од примерите за бракови меѓу холивудски ѕвезди и луѓе кои се далеку од славата.

Мет Дејмон се оженил со келнерка – Мет Дејмон ја запознал сегашната сопруга Лучијана Баросо во 2003. година, на нејзиното работно место во еден бар во Мајами. Се венчале две години подоцна, а парот денес има четири ќерки.

“Мојата сопруга е мојата сродна душа. Не би можел да го замислам мојот живот без неа. Имав среќа што ја запознав”, признал актерот.


Синтија Никсон се венчала со наставничка – Ѕвездата од серијата “Сексот и Градот”, Синтија Никсон, ја запознала својата животна партнерка, наставничката Кристина Маринони во 2003. година на еден саем за образование, додека била во брак со професорот по англиски јазик, Дени Мозес.

Од разводот во 2004. година, Синтија се забавувала со Кристина. Парот се венчал дури во 2012. година, откако го добиле синот Макс.

“Кога станува збор за сексуалната ориентација, мислам дека не се промени. Јас сè уште сум жена која е заљубена во друга жена”, објаснила актерката.


Сопругата на Џеф Бриџис била келнерка – Во интервјуто за “Reader’s Digest”, познатиот актер Џеф Бриџис, ја опишал првата средба со сегашната сопруга Сузан Гестон, која се случила на снимањето на филмот “Rancho Deluxe”, на кој Сузан работела како келнерка.

“Ми требаше цел ден да соберам храброст и да ја прашам да излезе со мене. Меѓутоа, тогаш ме одби”, признал Бриџис.

Сепак, Сузан подоцна прифатила да излезат на состанок, нивната врска успеала, а парот е веќе 35 години во брак.


Тоби Мегваер со оженил за ќерката на својот шеф – За време на снимањето на филмот “Seabiscuit” во 2003. година, актерот Тоби Мегваер ја запознал Џенифер Мајер, ќерката на шефот на филмското студио “Universal Studios”, Рон Мајер.

Парот се забавувал четири години пред да стапи во брак, а денес има и едно дете.


Џери Сајнфелд сопругата ја запознал во теретана – Само неколку дена откако го прославил медениот месец со првата сопруга, комичарот Џери Сејфелд ја запознал својата сегашна сопруга Џесика Склар, во една теретана. Меѓутоа, првиот брак на Сајфелд не траел долго, бидејќи многу брзо побарал развод и почнал да се забавува со Џесика.

Парот се венчал во 1988. година и денес имаат три деца.


Николас Кејџ се оженил со обожавателка – Познатиот актер Николас Кејџ, сегашната сопруга, американката со корејско потекло, Ким Алис, ја запознал во ресторанот во кој работела. Само неколку месеци откако се запознале, актерот ја запросил девојката, која инаку била негов голем фан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag