За да владеете со светот, најпрво треба да бидете свој газда, фигуративно. Тогаш имате самодоверба, свој став и не ви е грижа што другите мислат за вас или пак за она што го правите. Звучи добро, нели? Вие сè уште имате супер карактер и сте милосрдни, само што не ги земате работите за сериозни од луѓето кои не ви значат ништо. Кога ќе одлучите да бидете свој газда, ќе се чувствувате посилно и посреќно од претходно. Следете ги овие правила и започнете да владеете со светот!
1. Прифатете ги вашите недостатоци. Едноставно не ви е грижа како ви стои облеката или пак дали вашата фризура е во тренд. Го правите она што го сакате. Не се криете од светот. Застанувате пред сите и гордо ги прифаќате своите надворешни и внатрешни недостатоци.
2. Избришете ги песимистите од вашиот живот. Што ги прави газдите толку многу силни? Тие сè опкружени со луѓе на кои им е грижа за нив и обратно, но тие немаат проблем да им кажат на песимистите да излезат од нивниот живот. Без целата таа негативност во нивниот живот, тие имаат поголема самодоверба и можат да прават што сакаат.
3. Правете го она што ве прави среќни. Уморни сте од извршувањето на напорната работа или пак од однесувањето како добра девојка? Пронајдете го она што ве прави среќни. Направете сè што ќе го промени вашиот секојдневен живот и започнете да ги правите оние работи што ве прават среќни. На крај, вие самите сте одговорни за вашата среќа во вашиот живот.
4. Импресионирајте сè себеси. Престанете да ги импресионирате луѓето кои не се важни. Што тие направиле за вас? Нивното мислење не е важно. Единствениот кој треба да го импресионирате и да го цените неговото мислење сте токму вие.
5. Фокусирајте сè на сопствените цели. Дали ги одложувате своите соништа? Зошто? Ослободете сè од она што ви го одвлекува вниманието и посветете се на нив. Вашето семејство и пријателите ќе ве разберат. Земете време за себе и работете на постигнување на вашите цели. Вие го заслужувате тоа и не дозволувајте некој друг да ви го кажува спротивното.
6. Не сè извинувајте. Вие сте шеф и вие не се извинувате. Исклучок е само доколку сте направиле нешто навистина лошо, во останатите случаи заборавете на извинувањето. На никого не му е грижа за тоа, а со тек на време другите ќе научат да живеат со тоа. Грешките се вредни искуства, па затоа не треба да се извинувате за нив.
7. Застанете зад оние кои ги сакате. Вие не сте тотално себични. Вие само не губите време на некого кој не ви е важен. Вистинските газди застануваат зад оние кои навистина ги сакат. Бидете силни и задржете ги вашите најблиски околу себе.
8. Бидете самоуверени. Мислите дека што и да кажете или направите, вие им дозволувате на другите да ве притиснат кон дното или да ве истуркаат настрана. Но, не повеќе. Почнувате од сега, вие станувате посамоуверени. Отворено кажувате сè што мислите. Можеби тие ќе ве навредат, но вие само им се заблагодарувате и продолжувате. Не дозволувајте некој повторно да ве омаловажува.
9. Покажете став. Дали некогаш сте забележале како оди сопствениот газда? Тие стојат исправено и влегуваат во просторијата како да е во нивна сопственост. Тие имаат стил и го покажуваат. Секогаш кога влегувате бидете полни со самодоверба. Глумете како навистина сето тоа да е ваше. Однесувајте се како вистински газда и сите ќе го забележат тоа.
10. Прифатете го она што сте во моментот. Знаете дека можете да се смените. Но, исто така знаете дека треба да прифатите што навистина сте. Можеби нема да сте среќни во тој момент, но прифатете го тоа. Тогаш започнувате да работите на тоа за да сè промените и да бидете повторно среќни. Прифатете се, сменете го она што можете да го смените и продолжете. Едноставно е!
11. Дефинирајте сè себеси врз основа на вас самите. Луѓето сè љубоморни бидејќи вам не ви треба никој друг освен вие за да се дефинирате како личност. Тоа е точно. Вие не се дефинирате по статусот на вашата врска или пак по бројот на вашите пријатели. Не ви треба дечко или пак илјадници пријатели и социјални мрежи за да станете подобра личност. Поминете некое време сами и научете кои сте вие навистина.
12. Бидете директни. Може ќе ве сметаат за дрски поради тоа, но сфатете го тоа како комплимент и како знак дека сте навистина свои газди. Животот е краток за да бидете постојано суптилни. Кажете го она што навистина го мислите. Не мора да бидете злобни, само прескокнете го заобиколувањето и кажете го тоа директно. Ако сакате да ја завршите врската бидете искрени со него, кажете му ја причината и завршете. Можеби звучи грубо, но „омекнувањето“ на работите и вртењето од страна нема да ви помогне и ќе биде само губење на време.
13. Држете сè до вашите стандарди. Ако сакате да бидете свои газди, тогаш поставете си сопствени стандарди. Определете се што навистина сакате и држете се до тоа. Така ќе бидете сигурни дека го добивате она што го заслужувате и ништо помалку.