Патник додека снимал со својот мобилен телефон случајно го фатил моментот кога гром удрил во Боингот 737 на Delta Airlines на аеродромот во Атланта.
Нема повредени.Патникот Џек Перкинс успеал да го фати моментот кога гром директно удрил во соседниот авион на аеродромот во Атланта. Никој не бил повреден затоа што авионите се заштитени со „Кафезот на Фарадеј“ кој ги блокира надворешните статички електрични полиња: ударот се дистрибуира низ посебен материјал, па воопшто не влијае на „кафезот“.
Нема повредени, а авионот продолжил со летот.
Портпаролот на компанијата Делта ерлајнс Морган Дуран потврдил дека авион на компанијата бил погоден од гром. Како што појаснил станува збор за летот 67 кој во вторникот полетувал од аеродромот во Аталанта. Авионот Боинг 737 требало да се упати кон Лас Вегас.