Французин лажно се претставувал како згоден млад модел, но она што се криело зад псевдонимот и лажната слика на интернет го шокираше светот.
Човекот под псевдоним Anthony LaRoche мамел жени во својот стан ветувајќи им незаборавен секс во стилот на „50 нијанси сиво“, но тој всушност бил 68-годишен старец, пишува британски Мирор.
Некоја жена под псевдоним Силвија се согласила на средба со него, мислејќи дека тој е млад и згоден маж, но кога дошла во неговиот стан во Ница се шокирала и згрозила од она што се случило.
Тој го изгасил светлото пред Силвија да го види и и предложил да го зачинат сексуалното искуство и да користат превез на очите.
Кога по лудиот секс го запалила светлото, се шокирала и згрозила кога го видела 68-годишнио човек до неа.
-Крај мене лежеше проќелав маж на возраст од 65 години, имаше брчки и носеше очила – ми се згади животот. Не сакаше да го извадам превезот. На крајот успеав да го видам во мракот. Беше стар, дебел и имаше голем нос, изјавила Силвија.
Подоцна се дознало дека измамникот на ист начин се обидел да намами 342 жени ширум светот, а иста судбина како Силвија ги снашла уште три жени.