Живееме во време кога стресот е секојдневна работа, и речиси е невозможно да го избегнеме. Но, затоа пак природата е тука за да ни помогне како полесно да се справиме со секојдневните стресни ситуации. Ова се билките кои ќе ви помогнат да си ги сочувате нервите:
Лаванда
Направете чај од неколку цветови од лаванда. Овој мирис ќе ве смири и ќе ве опушти за миг. Ќе се намали главоболката и ќе имате мирен сон.
Кантарион
Оддамна е познато дека кантарионот се употребува како лек за депресијата. Ја зголемува концентрацијата, го олеснува спиењето и едноставно ги разбиструва мислите.
Анасон
Оваа билка има неверојатен смирувачки ефект. Ги смирува нервите, а исто така и надуеноста и менструалните болки.
Маточина
Оваа билка најчесто се користи за да закрепне организмот по голем стрес. Многу позитивно влијае на психата. Освен тоа се препорачува и за регулирање на нередовна менструација која е предизвикана од стрес.
Мајчина душичка
Овој чај ни е познат на сите нас. Една шолја топол чај од мајчина душичка во комбинација со една лажица мед може навистина многу да ви помогнат. Овој чај исто така ја намалува нервозата, а и ја намалува главоболката.