Сок од кромид за зајакнување и брз раст на косата

popara24 мај, 20151min00
5

Кромидот е еден од најдобрите производи за нега на косата. Тој е одличен препарат за коса доколку страдате од расцветани врвови и опаѓање на косата. Кромидот содржи сулфур кој го храни коренот на косата и го забрзува нејзиното растење. Во продолжение ќе ви прикажеме неколку начини како можете да го користите кромидот за забрзување на растот на косата.

Сок од кромид за раст на косата

Исцедете сок од кромид и измешајте го со вода, при што треба да има 2/3 сок и 1/3 вода. Намачкајте ја косата, особено темето и оставете да делува  25-30 минути. Можете да ја завиткате косата со пешкир, за да може кромидот да се апсорбира во фоликулите на косата.

Кромид и кокосово масло

Кога ќе се измеша со масло, сокот од кромид го забрзува растењето на косата и ја храни. Измешајте го сокот од кромид со масло и масирајте ја косата. Завиткајте ја со пешкир да одстои 30 минути.

Кромид и пиво

Парчиња од кромид или сок од кромид можете да измешате со пиво за да го забрзате растењето на косата. Применувајте ја маската два пати во неделата.

Кромид и мед

Ова е најефикасен домашен лек за забрзување на растот на косата. Изгмечете го кромидот и ставете неколку капки мед. Нанесете го на косата и оставете го да одстои. Измиете ја косата.

Кромид и рум

Ставете една главица кромид во чаша со рум да одстои една вечер. Следното утро масирајте ја косата со оваа мешавина. Ова е еден едноставен начин како можете да го користите кромидот за раст на косата.

Кромид и лимон

Можете да користите комбинација од кромид и лимон за раст на косата и за лекување на првутот. Сокот од лимон го намалува опаѓањето на косата.

Кромид и јогурт

Во сокот од кромид додадете една лажица јогурт. Измешајте добро и масирајте ја косата и скалпот со таа смеса. Оставете 45 минути, и потоа измиете ја главата со шампон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag