Совршена без шминка, таа не се срами да го покаже вистинското лице

popara21 август, 20151min00
95947_profimedia0256107655-gigi_630x0

Кога ги гледаме на мал екран или на црвениот тепих, се чини дека се речиси совршени, но многу често сме разочарани кога ќе ги забележиме на слики без шминка. Сепак, ова не е случај со еден од најбараните модели на денешницата.

Џиџи Хадид, не се срами да се покаже како изгледа без шминка, а и нема никаква причина. Супермоделот изгледа речиси идентично со рекламните кампањи и на црвениот тепих.

Манекенката беше сликана вчера за време на шопинг во Вест Холивуд со нејзиното момче Џо Џонас. Овој пат, Џиџи која најчесто може да се види гламурозна, се одлучи за еден пар фармерки, обична маица и капа.

Џиџи може да се пофали со соработката со водечките модни куќи и дизајнери, но подеднакво добро изгледа опуштено во оваа варијанта, како и пред камера.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag