Ова момче, кое не сака да го открива својот идентитет, има 20 години и работи во еден бар.
-Работев со бездомници и загрозени околу 3-4 години и сакам да гледам насмевка на лицето на другите луѓе. Помислив, ако се среќни за мала помош, колку би биле среќни кога Спајдермен би им дал храна – изјавил ,,Спајдермен”, или поточно ,,Бирмингемскиот Спајдермен” кој сам купува храна од своите пари и не прифаќа донации.
Порачува: секој кој сака да помогне мора малку да се потруди и сам да отиде и купи храна за овие луѓе.