Навистина е тешко за две личности да останат заедно во љубовна врска, кога ноќите поминати во милување и страсна љубов, држење за раце, или гледање на зајдисонцето се само спомен од некои други времиња.
Партнерот би можел многу лесно да скокне од бродот, ако чувствува дека бродот тоне. Животните чамци служат за бегство, за спасување и се исполнети со луѓе кои одлучиле да се спасат, со оддалечување од бродот. Понекогаш бродот не потонува, туку се врти наопаку и лебди над површината на водата, во близината на некој оддалечен брег. Можеби ќе ви биде потребно малку време за да се прилагодите на својата нова средина, но водата е топла, зајдисонцата се убави, а вие наскоро ќе научите како да се качите на кокосовото дрво за да си обезбедите храна и пијалок.
Наеднаш откривате дека не сте сами, туку има многу други луѓе како вас. Наскоро сите вие ќе седите околу огнот, ќе пиете сок од кокос и ќе си ги прераскажувате вашите животни приказни, како ви изгледал животот пред распаѓањето на бродот. Вие преживеавте, тие ја преживеале несреќата, а во исто време се молат дека преживеале и другите кои скокнале во чамците за спасување. Се чини дека вие сте побезбедни од нив, затоа што сте на цврсто тло. Она што е важно за вас и другите околу вас, тоа е дека треба уште еден ден да се качувате по дрвата за да си обезбедите храна.
Дали вие сте еден од оние кои живеат во хаотичен свет и се обидувате да пронајдете смисла во сето тоа? Дали имате чувство дека сте опкружени со странци на некој пуст остров, или се наоѓате на брод кој тоне и се надевате дека ќе дојде некој да ве спаси? Ова се некои од основните класификации на нашето човечко искуство на оваа планета. Сите ние сме човечки суштества кои имаат вродено чувство за потреба и припаѓање. Тоа е она што не прави луѓе. Повеќето од нас се надеваат дека ќе се поврзат со некоја посебна личност, која ќе ни го пружи тоа што ни е потребно.
Изненадување! Што имате во своето срце?
Да, токму ова е првиот знак за тоа која личност ќе ја привлечете во вашиот живот. Дали сте во потрага по вашата сродна душа, животен партнер; можеби партнер за викенд средби, или едноставно љубовник? Дали живеете стабилен и сигурен живот; и дали имате економска сигурност?Дали сте уморни да го јадете кокосот сами? Дали вашето сакано милениче ве напушти, а вие имате потреба некој верен придружник да ве чека дома, кога ќе се вратите од работа?
Луѓето се или не се способни да си го обезбедат тоа што им е потребно. Во основната природа на човекот е токму загриженоста за основните потреби. Конфликтот, недостатокот на чувството дека сме сакани и ценети, па дури и ако сме поврзани емотивно и духовно, директно го засегнува нашиот личен живот, семејниот живот и кариерата. Не е себечно од вас ако сакате вашиот живот да биде исполнет и среќен. Излегувањето од стресната, исцрпувачка и непродуктивна врска претставува ослободување. Ова не се однесува само на вас. Тоа значи ослободување и за вашиот партнер, кој најверојатно е фрустриран исто како вас. Тие можеби даваат се од себе да ви го обезбедат тоа што ви е потребно, а не се способни, ни духовно, ни човечки да го направат тоа.
Природно, човечките битија се створени да даваат и да примаат љубов; најубавата форма на љубов е безусловната. Човечките суштества се способни за ова ниво на взаемна интеракција, љубов и почитување.
Што значи „засекогаш“? Не постои крај! За луѓето од денешнината е многу тешко да го прифатат овој концепт и да го живеат својот живот во согласност со негo.
Значи ние продолжуваме да ги сакаме луѓето, градиме и рушиме односи. Понекогаш ќе сретнеме некоја „вистинска“ личност, токму на пуст остров, без да знаеме како ќе го преживееме следниот ден. Кога ќе скокнеме во чамецот за спасување, весламе толку многу брзо, за да се оддалечиме колку што е можно побрзо од бродот што тоне. И наеднаш после неколку месеци во продавница сретнуваме нова личност. Нашите погледи ќе се сретнат, а нашите срца почнуваа да чукаат побрзо, затоа што нашите аларми не работат. Вие само сакате да ви шепнат на уво:„Мило мое, јас само сакам да бидеш среќен/а, кажи ми како да ти помогнам?“
Ќе потонете или ќе пливате? Качете се на чамецот за спасување и пловете по непознатите води до брегот!