Седевме во паркот на една клупа пред која се простираше градот и конечно усните ни се допреа, а јас се чувствував како целиот свет да исчезна…
Иако беше наш прв бакнеж, прв состанок, сепак завршивме кај него во стан и цела ноќ уживавме во одличен секс. После само 6 месеци ние го кажавме судбоносното „Да”, а денес веќе имаме двајца здрави синови.
Дали ова значи дека веднаш треба да завршите во кревет со секое момче на првиот состанок?
– Секако дека не треба.
Дали тоа значи дека не треба да имате секс на првиот состанок?
– Зависи…
Многумина ќе ве советуваат дека не треба да имате односи со момчето на првиот состанок, а јас секако не се согласувам. Јас верувам дека сексуалната енергија е навистина моќна, таа лекува, креативна е и навистина е од корист. Верувам дека е природна и прекрасна, од обврзана па сѐ до онаа без обврски.
Верувам дека покрај моралите и наметнатите општествени правила, дека ние сме тие кои знаеме што е за нас најдобро, особено кога станува збор за сексот.
Кого и да прашате за оваа работа ќе ви каже различно, бидејќи секој човек знае што е најдобро за себе, а вас може само да ве советува.
Затоа,што треба да правите? Одговорот на ова прашање се крие во вас самите. Верувам дека треба да ја следите својата интуиција. Прашајте се себе следново:
1. Што сакам сега? Секс, љубов или и двете?
2. Ако не постоеше никакво осудување за мојата сексуалност, што ќе направев?
Во ниеден случај не треба да ви биде страв да си дадете поддршка и да сфатите што навистина е добро за вас. Вие заслужувате да живеете живот кој е сексуално и емоционално исполнет за вас.
Кое е вашето мислење на оваа тема? Се согласувате ли?