Поучна приказна: Среќата не можеш да ја купиш!

popara6 септември, 20151min00
4

Сите знаеме дека е така, дека среќата и здравјето се огромно богатство кое ни е дадено да го имаме, но колку всушност сме свесни за тоа? Текстов е само да не потсети дека најважните нешта во животот се безплатни, а тој што ги нема и се што има би дал да ги има! И затоа бидете задоволни од она што веќе го имате – тоа е најважното што ви треба!

Едно младо момче го прашува стариот мудерец:

–        Учителу, дали се точни зборовите, дека среќата не се состои во парите?

–        Тоа е една од големите вистини и да се докаже тоа не е ни малку тешко, одговорил старецот. Затоа што:

Со пари можеш да си купиш храна, но не и апетит,

Можеш да си купиш куќа, но не и топлина во домот,

Можеш да си купиш убав кревет, но не и мирен сон,

Можеш да си купиш лекарство, но не и здравје,

Можеш да си купиш книга, но не и знаење,

Можеш да си купиш диплома, но не и ум,

Можеш да си купиш слуга, но не и вистински пријател,

Можеш да си купиш краткотрајна забава, но не и среќа,

Можеш да си купиш секс, но не и љубов,

Можеш да си купиш златен часовник, но не и време,

Можеш да купиш луксузно место на гробиштата, но не и на небото,

Зошто многу поважно од тоа да имаш, е тоа да бидеш човек!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag