
Веројатно сте слушнале за индиската легенда за еден мал жолт цвет кој расцветал во една градина. Тој цвета само една сезона и токму тогаш и венее.
Во една прилика, токму во таа градина влегол човек кој го разбирал јазикот на билките.
Како што влегол, од сите страни слушал само жалби. Мангото посакувало да биде кокосова палма. Зошто? Затоа што целото палмино дрво е корисно – плодот, листовите, гранките и стеблото.
Меѓутоа, кокосовата палма му завидувала на мангото, затоа што неговиот плод се продавал за повисока цена надвор од Индија. Сите билки биле љубоморни едни на други и секоја од нив мислела дека другата билка вреди повеќе.
Погледот на посетителот кој слушал само жалби, застанал токму кај еден мал, жолт цвет кој среќно цветал во својот агол. Тој се наведнал и го запрашал – Зошто и ти не се жалиш како и сите останати?
Но, цветот на тоа одговорил – Па и јас ја надгледував кокосовата палма и ѝ завидував на листовите кои се вееја на ветерот и посакав да донесувам убави и сочни плодови исто како мангото. Но токму тогаш сфатив дека ако Бог посакал да бидам кокосова палма или манго, тогаш така и би сторил. Меѓутоа, тој сакал токму јас да бидам мал, жолт цвет, па токму затоа јас сакам да бидам најдобриот мал, жолт цвет кој некогаш постоел!