
Српската старлета по стапките на своите јужноамерикански колешки реши да го сврти вниманието на себе и да ги мотивира младите срспки фудбалери.
Фудбалската селекција на Србија до 20 години утре го игра големото финале на Светското првенство во Нов Зеланд во кое за противник ќе го има фаворизираниот Бразил, но сега младите репрезентативци на нашиот северен сосед добија дополнителна мотивација за триумф на завршниот натпревар.
Една од најголемите ѕвезди на српското реално шоу „Парови“, Наташа Шавија, достави непристоен предлог до сите репрезентативци откако дозна дека тие се пласирале во големото финале на младинскито мундијал.

– Баш фино што играат во финалето. Таму игра и оној малиот Гачиновиќ? Тој е многу сладок. Ако ја освојат светската титула, орално ќе ги задоволам сите до еден, – истакнала српската старлета која се прослави со своите изјави дека има спиено и со пола од првотимците на најсилната репрезентација на Србија.