Стјуардеса пружала сексуални услуги во авион и заработила 880.000 евра

popara2 октомври, 20151min00
3

Една стјуардеса буквално се збогатила откако две години истовремено послужувала пијалоци, но и сексуално ги задоволувала патниците во авионот.

Стјуардесата уредно наплаќала за секс услуги во малиот тоалет и по тура знаела да заработи и до 1.700 евра. На крајот таа признала дека проституирањето во авионот и донело неверојатни 880 илјади евра.

Оваа вест пристигнува од Дубаи, но не е прецизирано за која авио компанија се работи. Се знае само дека е од Блискиот Исток. Авантурите на стјуардесата започнале пред две години и траеле се до овој месец кога била фатена поради сексуален чин со еден од патниците.

На девојката веднаш и бил даден отказ и била депортирана во државата каде работела. Новинарите од Дубаи пишуваа дека девојката многу брзо признала дека тоа не и бил прв инцидент.

Преферирала летови од Блискиот Исток кон САД, бидејќи во неколу часа можела да “заврши работа” со неколку патници.

Ова инаку не е прв случај на проституција во авионите. Неодамна во Јапонија изби скандал откако се откри дека тамошните стјуардеси масовно наплаќаат за секс со пилотите. Сето тоа започнало кога им биле намалени платите, па девојките одлучиле да го дополнат буџетот така што наплаќале од 500 до 700 евра за секс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma