Страшно: дознал дека сопругата го изневерува, па и спремил изненадување што зажалила што се родила

popara10 јуни, 20151min00
6

Еден маж долго време се сомневаше дека жената го измамува. Кога стана потполно сигурен во тоа, реши да ја изненади со суров подарок.

Забележував многу траги на измама. Се смееше додека праќаше пораки и лажеше дека зборува со мајка и. Постојано остануваше подолго на работа, а кога ќе се јавев кај колегите тие велеа дека не е таму. Ја прашував за објаснување, само се смееше. Еднаш отиде „по млеко“ на полноќ и не се врати до два изутрина. Кога бев сигурен дека не мами, го почекав нејзиниот роденден, а времето пред тоа го искористив за да си најдам стан и да се консултирам со адвокат. И тогаш дојде роденденот.
Прво таа инсистираше да заминам од градот со пријателите затоа што мора да работи тој ден и да не ја потсетувам колку е стара.
Знаев што е во прашање кога во орманот најдов две чаши и шампањско. Сковав план. Отидов до пријателот и се правев дека отпатував. Потоа од таму се јавив на нејзината мајка, татко, сестрите и на неколку пријатели. Им кажав дека подготвувам забава со изненадување. Се најдовме пред станот и им кажав да бидат тивки. Беше околу осум часот наутро, а мајка и носеше торта. Ја отклучив вратата, ја отворив нагло и сите викнавме: Изненадување!
Ја затекнавме гола со љубовникот. Мајка и ја спушти тортата, сестрите врескаа, а татко и почна да урла. Мојата сега веќе поранешна жена викаше на мене додека љубовникот си ги навлече панталоните и почна да бега. Ова беше најдобриот роденденски подарок кој сум му го подарил некому – напиша мажот на социјалната мрежа Reddit.

Приказната стана интернет хит, а веројатно ви е јасно зошто!