
Познатата руска манекенка Ирина Шајек детството го поминала во едно село во Русија, и уште од мали нозе била принудена да работи за да преживее. Таа открила дека покрај тоа што садела компири, во лето ја бојадисувала локалната болница. Месечната плата и била околу 20 долари.
Убавицата признала дека постоеле денови кога немала што да јаде.
Иако денес нејзиното богатство се проценува на 40 милиони евра, манекенката е многу штедлива бидејќи во детските денови живеела во голема сиромаштија.
– Морав да садам компири и домати бидејќи тоа беше еден од начините да заработам пари. За тоа добивав по еден долар на ден. Месечната плата ми беше 20 долари – изјавила 29-годишната манекенка која по раскинувањето на врската со фудбалерот Кристијано Роналдо, сега се забавува со актерот Бредли Купер.