Свекрвите поголем виновник за развод отколку швалерките

popara17 јуни, 20151min00

Просечната македонска жена попрво би се развела поради свекрвата отколку поради швалерката, велат последните истражувања на психолозите и социјалните работници.

Присуството на две семејства под ист кров значително ја зголемува веројатноста дека бајката-„среќно си живееја до крајот на животот“ ќе заврши со судско рочиште. Непомирливите разлики во карактерите, ставовите и очекувањата на сопружниците се грутките кои најчесто се тркалаат од првиот ден на бракот и се претвораат во бракоразводни лавини.

Социјалните работници кои посредуваат во приликите на развод на бракот велат дека партнерите најчесто се разведуваат во првите години од бракот. Со животот во заедница младите луѓе немаат можност да го развиваат својот брак. Четиричлено семејство со просечни примања одвај може да опстане, па со тоа родителите економски помагаат и автоматски се мешаат во животот на младите, со што, всушност одмагаат.

Статистиката покажува дека неверството е се уште мала причина за отпочнување на бракоразводна постапка, зашто, како што велат социјалните работници, особено во помалите места кај нас, жените се уште се водат по стереотипи.

Што се однесува на односите во македонското семејство, слободно може да се каже дека, колку младите имаат не почитување кон родителите, толку и родителите не им ја даваат слободата и правото на свое размислување особено кога се работи за заеднички прашања. Со класичниот пример на доминантност, јас ти давам услови, но имам и право да се мешам во нив, родителите, а најчесто свекрвите, во своите излагања неретко наидуваат на ндоразбирања со младата брачна двојка. Освен тоа, младите се принудени буквално преку ноќ да се прилагодат на многуте нови животни улоги- сопружник, зет, домазет, домаќинка, мајка и татко.