
Настрада и нејзиниот сопруг Џозеф Код, а се сомневаат дека починале на 12 март.
Кристи Шен Код (38) учесничката во осмиот серијал на шоупрограмата „Food Network Star“ во 2012 година е убиена во петтиот месец од бременоста, а заедно со неа настрада и нејзиниот сопруг Џозеф Код.
Се претпоставува дека Кристи и Џозеф кои го чекале своето прво дете се убиени на 12 март. Членовите на семејството во неделата го пријавиле исчезнувањето на брачната двојка, а вчера за убиство е обвинет нивниот сосед Роберт Џејсон Овенс.
Тој се сомничи за убиство од прв степен но и за тешка кражба. Полицијата наведува дека двојката е убиена за лаптоп, накит и пиштол кои биле пронајдени кај Овенс по злочинот.
Се уште не е познат начинот на кој е извршено убиството на двојката, бидејќи се уште не се направени наодите.
Кристи наскоро требаше да започне со снимање на филмот Мисисипи.
https://www.youtube.com/watch?v=NXVxGLCNBNM