Светска премиера за беспилотниот Audi R8 E-Tron piloted driving

popara26 мај, 20151min00
8

Во рамките на азиското издание на технолошкиот саем International CES Asia 2015 во Шангај, Audi има светска премиера на автономниот концепт Audi R8 e-tron piloted driving.

Тоа е беспилотна верзија на електричниот Audi R8 e-tron, кој беше прикажан во март на автосалонот Женева.

Електричниот беспилотен спортски автомобил Audi R8 e-tron piloted driving ги поседува сите технологии, кои ќе овозможат до 2017 година, новиот Audi A8 да излезе на патиштата без возач. Автомобилот од сегашната изложба развива 340 kW (460 КЅ) и 920 Nm вртежен момент, забрзува до стотка за 3.9 секунди, со максимална брзина од 250 km/h. Новото технолошко чудо може да мине повеќе од 450 километри автономно, а производителот ветува супер брзо надополнување на батериите.

Роботскиот концепт и Audi Q7 e-tron quattro ги демонстрираат во Шангај и другите современи технолошки можности на Audi и правецот на развој во блиска иднина, истакна шефот на компанијата Руперт Штадлер на прес-конференцијата. На саемот во Кина присутен е и футиристичкиот Audi RSQ – познат од филмот „Јас Робот“, а  кинеска премиера има Audi TT Coupe со неговата виртуелна кокпит технологија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag