СЗО потврди: Преработеното месо може да предизвика рак

popara27 октомври, 20151min00
6

Месните преработки, како сланината, колбасите и шунката навистина можат да доведат до појава на рак, се вели во извештајот на Светската здравствена организација (WHO).

Преработеното месо е модифицирано месо на кое по пат на чадење, додавање на сол или конзерванси му се продолжува рокот на траење или вкусот. Овие модификации се виновни за зголемување на ризикот од рак, пренесува “BBC”.

Во случаите при консумирање на мали количини на вакво месо ризикот за развој на рак на дебелото црево се мали, но кај оние кои јадат во поголеми количини тој фактор не е занемарлив, објаснуваат експертите од WHO.

За развивање на тешки болести може да го обвиниме и црвеното месо. Црвеното месо, во кое е измешано телешко, јагнешко и свинско месо е класифицирано како канцерогено, бидејќи содржи глифосат, активна состојка на средствата за уништување на коров.

Сепак, црвеното месо има и хранлива вредност. Главниот извор е железото, цинкот и витаминот Б12.

Од Светската здравствена организација истакнуваат дека овие резултати се важни за помош при креирањето на совети за урамнотежена исхрана.

“Овие заклучоци не значат дека треба да престанете да јадете црвено или преработено месо, туку дека треба да размислите за намалување на количините на внесено месо, доколку јадете премногу”, истакна професорот Тим Ки од британскиот Центар за истражување на ракот и Универзитетот Оксфорд.

“Повременото грицкање на сланина нема многу да ви наштети. Клучот на здравата исхрана е умереноста”, заклучува тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag