Таа е 35 годишна мајка на шест деца. Еве ја тајната за нејзиниот изглед

popara6 август, 20151min00
8

Во едно нејзино интервју таа ги откри триковите со кои ја одржува својата линија, а нејзиниот главен совет – да планирате однапред што ќе јадете.

Кога ќе ги погледнете фотографиите на 35 годишната Дебора Гудман веројатно ќе добиете инспирација за вежбање, особено кога ќе дознаете дека таа е мајка на шест деца.

Таа е бивша професорка која во моментот работи како личен тренер и редовно учествува на „Бикини опен“ натпреварите.

Дебора во едно интервју ги откри триковите со кои ја одржува својата совршена форма, а нејзиниот главен совет е – планирајте однапред што ќе јадете. „Мојот најдраг десерт е јогуртот, а јадења со кои „мамам“ се чизбургер и компирчиња. Тоа го јадам на секои седум до десет дена“ – изјави оваа мајка на шест деца и откри дека секој ден јаде пилешко, а јадење кое го избегнува е пица.

Таа советува и секогаш со себе или во автомобил да имате бисквити од рж или јаткасти плодови како би се спасиле од нездрава храна во брзање. „Моите деца ми ја одржуваат мотивацијата. Сакам за нив да бидам пример и да ги насочам на здрав начин на живот“ изјави Дебора и даде еден совет за мајки како да се вратат во форма. „Сакајте се себеси и без оглед на препреките, имајте на ум дека секогаш постојат подеми и падови. Поставете си цел, а кога ќе ја постигнете поставете си нова“ – изјави таа и додаде дека за време на лошите денови се инспирира од пораките на другите мајки.

„Знам дека сум инспирација на многумина, но тоа е двонасочна улица. Кога си мајка лесно те окупираат децата, животот, работата, другите активности… Важно е да се има свој идентитет и да се живее. Знам дека се среќни и моите деца и мојот сопруг кога сум среќна и јас“, вели таа.

Таа додава и дека е неверојатно да се види што може исхраната и вежбањето да направи за физичкото и за психичкото здравје. „Кога се чувствувате добро пренесете го тоа и на другите“, вели оваа згодна мама која изгледа многу подобро од многу тинејџерки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag