Таа е една од најубавите, но и најомразените мисици на светот

popara1 септември, 20151min00
22 copy
20-годишната Ахлам Ел Бринис е Италијанка со мароканско потекло која искрено се надева дека ќе стане првата муслиманска мис на светот.

И покрај специфичната убавина, критичарите не ја поднесуваат. Ахлам во една прилика изјавила дека преку социјалните мрежи константно добива закани и многу навреди и тоа бидејќи како муслиманка не се однесувала како што доликува на нејзината вера, а со својот „егзибиционизам“ ги навредува сите муслимани.


Оваа 20-годишна убавица е родена во италијанскиот град Венето, а нејзините родители таму стигнале од Мароко. Таа вели дека го почитува исламот, но не сака тој да ја дефинира како личност.


Италијанските медиуми почнаа да пишуваат за неа откако верските фанатици ја „растргнаа“ затоа што позирала во бикини, во чипкаста долна облека и облека која откривала многу кожа. Некои муслимани ја обвиниле дека ја валка нивната вера.


„Секој има слободна волја да ја одбере и следи верата која ја сака, на начинот на кој сака. Јасно ми е дека постојат конзервативни луѓе кои мислат дека грешам во ова што го правам. Искрено, таквите луѓе не ме интересираат затоа што моето семејство ме поддржува и тоа е се` што ми треба“, изјавила оваа убавица за една италијанска телевизија.


Таа тврди дека ѝ е најважна поддршката која ја добила од својата баба која живее во Мароко, а која ѝ рекла дека „религијата се наоѓа во срцето и не зависи од тоа каква облека носи“.


Иако добила многу навреди, Ахлам тврди дека добила и многу пораки со поддшка од пријатели, но и од луѓе кои никогаш не ги запознала. „Религијата не би требало да има врска со изборите за убавина“, вели таа.


„Навредите и заканите не ми пречат. Јас ќе го следам својот пат, ме поддржуваат и моето семејство и моето момче, кое ме брани на социјалните мрежи“, изјавила манекенката за „La Tribuna di Treviso”.