Јелена Ноура Хадид, повеќе позната како Гиги Хадид, полека го зазема местото кое модните експерти ѝ го предвидуваа на почетокот од манекенската кариера. Гиги полека се искачува кон тронот, а својот успех им го должи на необичната убавина и извонредното тело.
Гиги Хадид оваа година ќе го прослави својот 20-ти роденден, но веќе сега има остварено извонредни резултати во светот на модата. Сме ја виделе на насловните страници на “Elle”, “Grazia”, “Vogue” и “Sports Illustrated”, кој ја смести во својот календар за 2014 година. Таа била и учесничка на модните недели ширум светот, а се појавувала и во неколку ријалити програми.
Убавината и љубовта кон модата ги наследила од мајка си, поранешната данска манекенка Јоланда Фостер. Познатата Данкиња својата ќерка Јелена ја добила во брак со палестинскиот бизнисмен Мохамед Хадид, а после крајот на првиот брак, се омажила за музичкиот продуцент Дејвид Фостер.
Гиги најчесто работи во кампањи за костими за капење и долна облека, што не би требало да чуди со оглед на нејзиниот изглед.
Исто така, младата надеж на светската мода може да се пофали со соработка со водечки модни куќи и дизајнери, а од неодамна е дел и од ангелите на Victoria’s Secret.
Русокосата убавица со својата нова модна кампања ги оправдува очекувањата на модните експерти, а многумина велат дека нејзиното време допрва доаѓа.