Таа е новата мексиканска ѕвезда и е подготвена да направи сè за да стане светски позната…
Мексиканската актерка и модел Мелиса Кеја се појавила на концерт од славната пејачка Мараја Кери носејќи „фустан“ кој повеќе открил отколку што сокрил.
Кога се прошетала во Лас Вегас, каде што Мараја официјално ја отворила сезоната, нема кој не ја свртел главата за да ја види оваа згодна Мексиканка.
Црниот долг фустан кој од двете страни бил исечен до половината, открил дека Мелиса не носела долна облека под оваа мошне слободна тоалета која се граничи со невкусно облекување.
Оваа млада актерка често позира во бикини, па не е ни чудно што се чувствувала слободно во ваква тоалета. Нејзината желба е да се пробие до Холивуд, но дали е ова начин?